Здравјето на поранешниот премиер на Израел, Ариел Шарон, продолжува да се влошува, пренесе „Би-Би-Си“.
Лекарите од медицинскиот центар „Хаим Шиба“ ја дефинираат неговата состојба како крајно критична.
Во соопштението од клиниката се наведува дека во последните часови состојбата на Шарон крајно се влошила.
Осумдесет и петгодишниот Ариел Шарон е во кома од 2006 година, откако доживеа мозочен удар.
Во неделата, неговиот лекар Зеев Ротштијан изјавил дека тој најверојатно нема да може да ја преживее оваа криза. Според него, на Шарон му остануваат уште неколку дена.