Состојбата на Косово – Главна тема на Советот за безбедност на ОН

Во Њујорк утре ќе биде одржана редовна седница на Советот за безбедност во Косово. На седницата ќе биде разгледан извештајот на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за работата на УНМИК и ситуацијата на Косово за последното тримесечеје, пренесува „Танјуг“.

Извештајот, како се очекува, ќе го претстави шефот на УНМИК Захир Таник.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ  во своето излагање ќе даде осврт на Извештајот на генералниот секретар на ОН за периодот од 16-ти октомври од 2015-тата година до 15-ти јануари 2016-тата и ќе ја изнесе оценката на Белгард за актуелната ситуација на Косово и Метохија и делувањето на УНМИК, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Бан во извештајот изрази загриженост поради насилаството и разгорувачката реторика кон која што прибегна косовската опозиција, оценувајќи дека тоа придонело за одложување на примената на некои аспекти од договорот меѓу Белград и Приштина, посебно за договорот за формирање на Заедницата на српските општини.

Одложувањето се однесува на договорите од април 2013-тата и август 2015-тата година, прецизира Бан и укажа дека договорите во правец на воспоставување на Заедницата на српските општини на Косово не се исполнети во одредената временска рамка.

Тој истакна и дека ја цени посветеноста на Белгард и Приштина да продолжат со состаноците на високо ниво во рами на дијалогот со посредство на ЕУ.

Вкупната безбедносна ситуација на Косово остана генерално стабилна во овој период и покрај насилството за време на политичкото насилство, се наведува во нацрт извештајот објавен на веб страната на ОН.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.