Совети за маринирање на месо

Maринадите се најдобар начин за да се добие месо кое ќе биде сочно, меко и ќе ги
содржи сите вкусови кои ги сакаме. Маринирањето е едноставен процес во кој
намирниците, особено месото, дивечот и рибата се ставаат во припремена смеса од
зачини со цел да се збогати вкусот и мирисот.

Најчесто за подготовка на маринада се користи масло, киселина, вино, сок од лимон, зачини или зеленечук. Времето кое е потребно за маринирање на месо зависи од структурата и големината на парчињата месо или риба кои ги приготвуваме. Маслото се користи за маринирање на немасно месо, со што ја подобрува сочноста и го спречува сушењето на истото за време на подготовката.

Киселината го омекнува месото, а сокот од лимон дава му свежина на рибите. Солта во
маринадата има улога на природен конзерванс, овозможува подобра апсорпција на течностите и ги омекнува сврзните ткива на мускулите, па затоа често се користи при припрема на маринада.

Во зависност од состојките кои се користат, разликуваме сува и течна маринада. А според подготовката маринадите може да се поделат на претходно варени или свежи. Во голем број на кујни ширум светот се користат маринадите, а според времето на чување на месото може да бидат долги или кратки, од неколку часа па до неколку дена. Но, старите готвачи предупредуваат дека маринирањето на месото во лето треба да биде пократко, затоа што можноста за расипување и влошување на квалитетот е поголема.
За да се добие посакуваниот вкус на месото, се препорачува истото одредено време да стои во маринадата, така што може на најдобар начин да ги прими вкусовите од состојките кои се користат. Времето кое е потребно за маринирање на месото, зависи од типот на месо, големината на парчиња и киселоста на маринадата:
Времето за маринирање на риба и морски плодови е од 15 до 30 минути.
Пилешкото месо може да се маринира од 30 минути до 6 часови.
За најдобар вкус на свинското, јагнешкото и телешкото месо, истите треба да се маринираат повеќе време и тоа од 4 до 12 часа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.