„Загаденоста и вечерва се движи од 2 до 3 пати над максимално дозволената граница. Нивото на канцерогени ПМ1-честички е над 100 микрограми на метар кубен. Цело Скопје дише загаден воздух над половина милион граѓани се трујат, а Петре Шилегов три години не одвои ниту еден денар за спречување на загадувањето, ниту, пак, за подобрување на квалитетот на воздухот“, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Според нив, неспособноста во справување со загадувањето го нотира и ЕК, која во својот извештај пишува дека иако власта и централна и локална е во рацете на една партија, што би требало да значи подобро справување со проблемот на загадување, сепак не е направено ништо на тоа поле.
„ЕК јасно порача дека ниту Зоран Заев, ниту Петре Шилегов направиле нешто за подобар и почист воздух. Напротив Скопје се гуши, повеќе од кога и да било претходно.Откако е Шилегов градоначалник, ниту едно дрво не е засадено, ниту една нова зелена површина не е направена.Шилегов не направи ама баш ништо од она што го ветуваше, затоа мора да си замине, и затоа граѓаните ќе го казнат“, се вели во соопштението.