Советници на ВМРО-ДПМНЕ во Центар: Недомаќинско и енормно трошење на парите на центарци

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на последното гласање за Програмите за развој 2022-2024 на Општина Центар за 2022-2024 година, гласаа воздржано.

Велат, причината за воздржаност се должи на тоа што овие програми за нив се нелогични, паушални и не ги отсликуваат вистинските потребите на граѓаните.

-Дополнително она што нас не загрижува е недомаќинското и енормното трошење на парите на центарци.

Она што би сакале да го издвоиме а е дел од Програмите за развој е следното:

– Предвидени се фантастични 3 милиони евра за изградба на градинка во населбата Пролет, со што ја прави да биде најскапата градинка во историјата на Македонија
– Предвидени се 850 илјади евра за монтажен паркинг во Капиштец без притоа да биде прецизирано план за истиот и за колкав капацитет е предвиден
– Се предвидува исплата на паметен интегриран систем со 32 камери за 80 паркинг места што ќе чини општината односно граѓаните 150 илјади евра
– За реконструкција на улица Мирослав Крлежа во должина не поголема од 600 метри предвидено е истата да чини 1,4 милиони евра пари на граѓаните, велат советниците.

Посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат конструктивни и кооперативни кога се работи за интересот и доброто на граѓаните.

-Но она што нема да го дозволиме и секогаш ќе реагираме е кога некој ќе се обиде на ваков начин да протне проекти, се со цел задоволување на нечии желби и потреби, се вели во соопштението.