Советниците на Трамп викендот ќе му посочат нови препораки за борба со Ковид-19

Советниците на американскиот претседател Доналд Трамп ќе му претстават нови препораки во текот на викендот за борба против новиот коронавирус и за „заживување“ на американската економија, најави синоќа потпретседателот Мајк Пенс.

– Ќе му претставиме ово викенд серија препораки и … дополнителни насоки на претседателот за напредување, рече Пенс. Тој додаде дека претседателот јасно ставил до знаење дека сака да ја „отвори земјата и дека ќе го стори тоа одговорно“.

Трамп со денови врши притисок за повторно покренување на економијата, и покрај зголемениот број случаи на заразени со новиот коронавирус во САД, кои,  во четвртокот се зголемија на најмалку 81.378, што е највисоко во држава во светот, зад Кина и Италија.

Трамп, кој е затворен во Белата куќа речиси две и пол недели откако се откажани политичките собири и патувања, најави планови в сабота да го посети Норфолк, Вирџинија, за да го испрати болничкиот брод USNS Comfort на пловидба кон Њујорк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.