Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат предлозите на градоначалникот на Аеродром кои се во полза на граѓаните

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Аеродрон, Пане Антовски на вонреднат седница во петокот на советот рече дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги гласаат сите предлози на градоначалникот Златко Марин, од владејачката СДСМ, кои се во полза на граѓаните.

Меѓутоа, како што посочи Антовски,  градоначалникот на споменатата скопска општина  е должен да ги извести советниците до каде е со преговорите со инвеститорот на спорната парцела

Ние ќе гласаме за предлозите на градоначалникот меѓутоа сакаме да добие уверување од градоначалникот дека ова нема да се одолговлечи, и да не биде неискрено зошто тој има направено разговори со инвеститорот и со градот Скопје и би сакале наредната седница да бидеме информирани до каде е ситуацијата со преговорите со инвеститорот и со Градот Скопје и кои се одлуките, рече Антовски.

Седницата пред неколку дена ја најави градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, откако граѓаните излегоа на улиците во знак на протест против изградбата на деветкатницата кај „Мајчин дом“. На протестот граѓаните го искажаа своето незадоволство од градоначалникот Златко Марин, поради изградба на деветкатницата кај „Мајчин дом“ и покрај ветувањата во предизборната кампања дека доколку биде избран за градоначалник ќе го стопира процесот за изградбата на објектот со кој се уништува зеленилото.

На прес-конференцијата која градоначалникот Марин ја одржа пред два дена, изјави дека е издадена забрана за изградба на зградата, и дека истата е донесена поради неправилности на градилиштето и трае 15 дена, но доколку не се отстранат неправилностите, ќе биде продолжена.