Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош и граѓаните бараат хумана урбанизација наместо три нови згради со кои се уништува зеленило

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е против ДОНЕСУВАЊЕТО НА деталниот урбанистички план за Градска Четврт Ј03 Блок 2, ОНАКОВ КАКОВ ШТО Е ПРЕДЛОЖЕН ЗА ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА

„Ние ќе гласаме ПРОТИВ, бидејќи барањата и забелешките на граѓаните се идентични со ставот, заложбите и програмските определби на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме ЗА хумана урбанизација.

Во овој предлог Детален план се предвидуваат три нови згради единаесеткатница, седумкатница и шесткатница.

Се одзема дел од постоечките гаражи кои се приватна сопственост на граѓаните со цел да се удоволи на градежната мафија за да добие фреквентна сервисна улица за да биде во сервис на новите згради.

Се уништува зеленило за катна гаража која е предвидена на постоечки паркинг простор.

Катна гаража се предвидува само за да може планот да се нарече развоен.

На простор каде што има потреба од плус паркинг место се цртаат згради, а на зеленило се цртаат катни гаражи.

Почитувани граѓани, ова е вистината сѐ друго е лага и манипулација

Апелираме до претседателот на Совет од Левица и до градоначалникот дека игри со распоредот на денешниот дневен ред не прифаќаме, бараме точката да остане на дневен ред, да можат советниците да дискутираат и истата да ја гласаат!“, велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.