Советник на Заев: Прости се граѓаните кои мислат различно од Владата

462

Советникот на премиерот Зоран Заев, Леон Бакрачески, се чувтствува многу голем и многу интелегентен па го навредува народот кој спротивно мисли од актуелната власт, нагласувајќи дека емногу прост и нема право да шири вирус и да убива луѓе.

„Има граница на пристојноста. Мојата во моментов е помината. Ти се обраќам тебе. Ти, со изгледани 3 видеа на ЈуТјуб, со 70% препишани тестови во средно и 3 научени лекции на факултет. Ти, експерту за мерки што не знаеш што значи алгоритам и никогаш не понел одговорност нит за себе нит за тие околу себе. Ти што од ќерамиди уринираш врз луѓе кои животот го посветиле на наука и експертиза. Ти кој се ужаснува на директност кога не му одговара. ТИ кој бараш права а не ти е грижа за ПРАВОТО НА ЖИВОТ на луѓето околу тебе и не поседуваш грам емпатија. ТИ! Ти немаш право со твојот простотилук да шириш вирус и да убиваш луѓе! Да ги вадиш изјавите од контекст, да поставуваш небулозни прашања и теории на заговор. Твоето неинформирано мислење и нахален простотилак НЕ Е НАД ЧОВЕКОВИОТ ЖИВОТ!“, истакнува на Фејсбук Бакрачески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.