Советникот на ДУИ ја отвори пицеријата за која Општина Охрид вели дека е дивоградба

Со сечење лента, балони, огномет, многу гости, мина синоќешната забава на реотворањето на реновираната пицерија Луна на советникот и бизнисмен Нефи Усеини на плоштадот кај Стариот Чинар во Охрид. А црвената лента заеднички ја пресече со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, при што советникот се пофали со фотографиите од настанот на неговиот Фејсбук профил.

Усеини во изјавите за медиумите ги негираше тврдењата на институциите дека неговиот објект е дивоградба, затоа што уредно си ги подмирувал обврските кон општината и побара коректност во известувањето, истакнувајќи дека доколку нешто не е како што треба постојат институции за тоа.

Од друга страна, од Општина Охрид велат дека реконструкцијата на угостителскиот објект на советникот Усеини, не еизвршена согласно законот и дека ќе бидат преземени соодветни мерки против инвеститорот.

„Во врска со Вашите прашања за угостителскиот објект „Луна“ во центарот на Охрид, Ве информираме дека надлежниот градежен инспектор има направено записник и решение за уривање на овој објект, бидејќи инвеститорот нема добиено дозвола за градење. Со овој објект ќе се постапува  согласно законските процедури за бесправно изградени објекти“, велат од општината.

Објектотпочна да се гради на државно земјиште и во заштитен УНЕСКО појас во март годинава, а никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата.

Советникот Усеини, бо меѓувреме гради и база за бетон на брегот на Охридското Езеро.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.