Советникот на Орбан најавува колапс на неолибеrалниот модел на глобализацијата

Неолибералниот модел на глобализацијата е исцрпен што го докажуваат настаните од последната деценија и особено конфликтот во Украина, политиката на Западот води кон заживување на блоковите од ерата на Студената војна, оцени во саботата Балаш Орбан, политички советник на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Неолибералниот модел на глобализација згасна. Настаните од 2010-те, миграцијата, брегзитот, како и победата (на претседателските избори од 2016-та во САД) на Доналд Трамп покажаа дека неолибералниот светски поредок повеќе не функционира толку добро како порано, затоа што се повеќе го губи својот легитимитет“, пишува Орбан во авторскиот текст во изданието Mandine.

Во авторскиот напис Балаш Орбан истакнува дека ги изложува главни тези од затвореното за јавноста обраќање на унгарскиот премиер Виктор Орбан кон крајот на декември 2022 година.

Советникот на украинскиот премиер вели дека „ранливоста на неолибералниот светски поредок повторно се покажала со пандемијата (на коронавирусот) која избувна 2020 година“, а војната во Украина од крајот на февруари 2022 година „стави точка на и“ и притоа „јасно стави до знаење дека сегашната западноцентричност не може да се одржи, бидејќи противниците на Западот станаа посилни“.

Причините за зајакнувањето на западните противници, според Балаш Орбан, се состои во тоа што „неолибералната доктрина се фокусирала на важноста на услужниот сектор и профитабилноста, а не на индустриското производство“.

„Така, за една или две децении, традиционално развиениот индустрискиот потенцијал на многу западни земји се деградираше, Тоа како бумеранг го удри во 2008 година западните земји, особено европските, оставени без индустријата повеќе ја почувствуваа кризата, а азиските земји, посебно Кина, зајакнаа“, пишува Орбан.

„Како одговор на кризата на светскиот поредок, со цел барем делумно да ја задржи својата доминација, Западот и натаму предводен од САД, со зголемена брзина ги намалува, ослабува или презема контрола над своите врски. Во западната терминологија тоа се нарекува раздружување“, вели натаму Орбан.

Убеден е дека тоа води кон заживување на меѓународните блокови, слично од периодот на идеолошката блоковска Студена војна од првите децении на втората половина на минатиот век, што не оди во прилог на Унгарија и на целата Европска унија.