Советот изгласа, ама нема редари пред училиштата во Карпош

Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, и советник во општината, во фејсбук статус обвини дека не се спроведува одлуката на локалната власт, да се постават редари пред секое основно училиште, заради безбедноста на учениците.

„А толку убаво звучи и личи пред јавноста. Верувајте ни, ние се грижиме, носиме одлуки за лица задолжени децата безбедно да преминат улица до училиште итн итн.
На сликиве ниту лица ниту спроведена одлука се гледа. Прашањето е дали директорите назначени од Градоначалникот не се замараат многу со одлуките на Општината, или Општина Карпош не се замара многу дали се спроведуваат одлуките од Советот. Исто како и со реонизацијата, но тоа е посебна и многу посериозна приказна за некоја следна прилика.
П. С
Општината е сместена во едно од училиштата, и таму немаше редар“, напиша Јаревски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.