Советот на американски амбасадори во посета на Собранието

– Советот на американски амбасадори денеска ќе престојува во посета на македонскиот законодавен дом. Таму ќе се сретнат со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Предвидено е Советот на американски амбасадори денеска да има средби и со шефот на државата Стево Пендаровски, како и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоки и на движењето БЕСА Билал Касами.