Советот на Федерацијата одобри закон со кој Путин може да се кандидира за претседател

Советот на Федерацијата на Русија го одобри законот што му овозможува на претседателот Владимир Путин повторно да се кандидира за функцијата шеф на државата.

Овој документ му дава за право на рускиот лидер да се кандидира за уште два мандата. Законот беше одобрен на седницата на горниот дом на рускиот парламент во средата.

Со оваа одлука Советот на Федерацијата го донесе законот за избори и референдуми во согласност со измените и дополнувањата на Уставот.