Советот на Јавни обвинители повтроно не даде зелено светло за тимот на Јанева

Советот на Јавни обвинители донесе одлука дека нема потреба да се избирааат уште седум обвинители кои се предложени од Специјалната Јавна обвинителка, Катица Јанева.

Еден од членовите на Советот предложил изборот на тимот да се стави на дневен ред, но точката била одбиена со образложение дека нема околности за повторно гласање, бидејќи Јанева ги предложила истите имиња.

Тие остануваат на ставот дека нема потреба да се изберат уште седумте обвинители кои беа предложени од Јанева.

Ставот на Советот  е дека не смее да се доведат во ситуација одново да гласаат за истите седум кандидати.

„При гласањето на 11-те членови на Советот дали изборот на специјалните обвинители да се најде денеска на дневен ред, 6 членови гласале дека не треба повторно да се зборува за специјалното обвинителство и да се изберат уште седум обвинители. Советот не смее да се доведе во ситуација одново да гласа за истите седум кандидати. Нема нови околности, нема нови кандидати. Вратата за Катица Јанева е отворена да дојде и да разговараме за да се најде излез од кризата. Не знаев што ќе ми достави. Таа ми ја достави истата листа. Ние не работиме по писма и препораки на политичките партии. Одлука за бројот на обвинители носи Советот на јавни обвинители. Нас не не интересира

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.