Советот на обвинители почнува постапка за разрешување на Јанева

Советот на обвинители едногласно одлучи дека се исполнети условите да ја почене постапката за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. За тоа да го направиме Советот треба да изготви извештај со утврдена фактичка состојба и да го достави до Собранието за тоа да ја продолжи постапката, изјави претседателот на Советот на Јавни обвинители Коле Штериев.

Штерјев се надева дека извештајот ќе биде готов уште денеска, ако не – најдоцна утре.

По комисиското разгледување на извештајот и по претходна согласност на четирите партии со најголем број пратеници, Собранието на пленарна седница со двотретинско и Бадентерово мнозинство, треба да утврди формален предлог за разрешување на Јанева, кој ќе дојде на финално решавање повторно во Советот.