Советот на обвинители повторно без кворум – Одложен изборот на обвинители за тимот на Русковска

Немањето кворум, го одложи изборот на обвинители кои треба да гонат криминал и корупција. Отсутните членови на Советот на јавни обвинители, пријавиле дека имаат приватни и службени обврски. Така додека неговите колеги го очекуваа во Советот, Државниот обвинител беше на настан во Владата. Без Јовески, првиот човек на Советот вели не може да има избор на обвинители.

Јолевски вели дека сите отсутни се всушност членови предложени од Собрнието. Тој лично тврди дека немал политички притисоци за изборот на обвинители, но не може да гарантира за останатите.

Повеќе од еден месец одделението кое гони криминал и корупција работи со помалку обвинители откако истече нивниот мандат. Тие повеќе не можат да ги застапуваат предметите, па дел од судењата се одложуваа, а на дел обвинителите без мандат беа придружувани од нивни колеги. Таков беше случајот во кој е обвинет екс владиниот секретар Рашковски, а предметот е на обвинителката Ивана Трајчева.

Бавниот избор, ја налути и шефицата на Обвинителството, Русковска. Го обвини Советот дека ја оставил без обвинители и работењето било отежнато.

За разлика од последниот избор на обвинители кој се пренесуваше во живо, денеска беше дозволено снимање само на почетокот на седницата, а нејзниот тек, новинарите го следеа од ходникот пред салата.

Седницата за пополнување на испразнетите обвинителски места, Советот ја закажа за идниот четврток.