Советот за безбедност ја разгледува резолуцијата за Украина

Во Советот за безбедност на Обединетите нации се разгледува можната резолуција, со која што ќе се потврди украинскиот суверенитет и територијален интергритет, а би се однесувала и на референдумот за присоединување на Крим кон Русија, закажан за 16-ти март, соопшти неименуван дипломат од ОН.

Целта на резолуцијата, како што рекол, е „да покаже остро противење на најмоќните тела на ОН за преземање на Крим од страна на Русија“, иако е извесно дека Русија, која е постојана членка на Советот за безбедност, ќе стави вето на било каква слична резолуција.

Поддржувачите на резолуцијата се надеваат дека Кина, уште една постојана членка на Советот за безбедност, би можела да се воздржи од гласање, односно да не и’ се приклучи на РУсија и самата да не стави вето.