Советот за безбедност на ОН, вклучително и Русија, изразија загриженост за Украина

Советот за безбедност при Обединетите нации, вклучително и Русија, во петокот изрази „длабока загриженоста во врска со одржувањето на мирот и безбедноста во Украина“ и ги поддржа напорите на генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш да се изнајде мировно решение, што е прва изјава на ова тело откако започна руско-украинскиот конфликт.

Изјавите на Советот на безбедност на ОН се одобруваат со консензус на сите членки. Норвешка и Мексикот го напишаа кусиот текст на изјавата усвоена во петокот по њујоршко време.

„Советот за безбедност изразува длабока загриженост во врска со одржувањето на мирот и безбедноста во Украина, Советот за безбедност потсетува дека ситге држави членки на себе ја преземале обврската, според Повелбата на Обединетите нации, обврската за решевање на меѓународните судири по мирен пат“, стои во текстот на изјавата.

„Советот за безбедност изразуваат силна поддршка на напорите на генералниот секретар во потрагата по мирно решение“, се додава во изјавата, којашто, исто така, бара челникот на ОН накусо повторно да го извести Советот за безбедност во догледно време.

Гутереш се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва и со украинскиот претседател Владимир Зеленски во Киев минатата седмица. Неговите посети отворија простор за заедничките напори на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот криз, кои учествувале во евакуацијата на 500 цивили од подземните коридори во челичарницата „Азовстал“ крај Мариупол.

Изјавата на Советот за безбедност при ОН е прифатена и покрај дипломатските спорови кои ескалираа откако Русија на 24-ти феваруари ја започна, како што ја нарекува, превентивната „специјална воена операција“ во Украина, а што Гутереш го нарече „риска апсурдна војна“.

Русија вложи вето на нацрт-резолуцијата од 25-ти февраури, поднесена од САД и Албанија, со којашто требаше да се осуди нејзината офанзива. Тогаш Кина, Обединетите Арапски Емирати и Индија беа воздржани. Резолуцијата на Советот за безбедност, за да биде усвоена, треба да добие 9 гласови „за“ и да нема вето од САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија, кои се постојани членки на ова телот на ОН.

Генералното собрание на ОН, кое го сочинуваат државите членки од која ниедна нема право на вето, тогаш со големо мнозиснтво усвои две резолуции, кои се необврзувачки но треба да носта политичка тежина. Идејата на иницијаторите беше да ја покаже наводната меѓународна изолација на Русија, но подоцнежниот развој на настаните особено во врска со воведувањето санкции не ги покажаа тоа. Генералното собрание тогаш ја осуди „руската агресија против Украина“ и побара повлекување на руските единици, пристап до помош и заштита за цивилите, и наводно дека Русија создала „страшни“ хуманитарни ситуации.