Советот за надворешни работи на ЕУ воопшто не го покрена прашањето за Македонија

Прашањето за почеток на преговорите меѓу Република Македонија и ЕУ за членство во ЕУ воопшто не било покренато на редовниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ што се одржа во Луксембург, објави БГНЕС.

Министрите за надворешни работи на Европа разговараа за руската воена агресија врз Украина, фокусирајќи се на безбедноста на храната, односите на ЕУ со Египет, ситуацијата во Рогот на Африка и особено во Етиопија.

Советот расправал за воената ситуација во Украина и за нарушеното снабдување со пченица и друга храна од земјата, што директно ја загрозува безбедноста на храната на глобално ниво. Високиот претставник Жозеп Борел го претстави Акциониот план на ЕУ за решавање на геополитичките последици за трети земји од руската агресија врз Украина. Посебен акцент е ставен на краткорочните и долгорочните мерки за помош на земјите од Источното партнерство, особено на Република Молдавија и Грузија, како и на земјите од Блискиот Исток и Северна Африка, кои се најмногу погодени од блокираните резерви на храна.