Современите жени и сексот

Со текот на времето се менуваат и сексуалните навики. Според најновото британско истражување, мажите во спалната соба се помалку активни, но се креативни. Сексуалните навики кај жените се менуваат нешто побрзо, па така бројот на дамите кои имале лезбисјко искуство, од четири отсто во 1990 година, скокна на 16 отсто во 2013 година.

Бројот на мажи кои признале дека имале сексуално искуство со лице од ист пол е непроменето од првата студија во 1990 година и изнесува околу седум отсто. Во просек, бројот на сексуални партнери кај жените двојно се зголемил од четири на осум, додека кај мажите се зголемил од девет на 12.

Истражувањето покажало дека сексуалниот репертоар прилично се зголемил, но и се зголемил бројот на оние кои уживаат во аналниот и оралниот секс.

„Тоа ја покажува промената во поимањето на сексот како репродуктивна активност и сега е поголем акцентот на задоволство и рекреација,“ вели еден од авторите на студијата.

Стручњаците забележале дека половина од учесниците во истражувањето невиноста ја изгубиле на 17 години, што е слична возраст и од пред дваесет години. За жал истражувањето покажало дека лицата помлади од 25 години имаат поголеми шанси да закачат некоја сексуално пренослива инфекција или да бидат приморани на секс.