Создадена невообичаена вакцина против коронавирусот

Група американски истражувачи од Медицинскиот факултет при универзитетот Вашингтон во Сент Луис објавија дека создале назална вакцина против коронавирусот, односно препарат кој се бори против инфекцијата откако ќе се воведе во организмот преку носот, пишува списанието Cell.

Според написот, една доза од вакцината помага да се развие голем број антитела во горниот и долниот респираторен тракт Самите научници тврдат дека препаратот може значително да го намали ризикот од пренесување на инфекцијата и да ја намали стапката на ширењето на пандемијата. Притоа се додава дека оваа вакцина досега била тестирана само кај глувци.

Препаратот дејствува според следниот принцип: на аденовирусот кој предизвика обична настинка научниците му прикачиле S-протеин кој учествува во заразувањето на клетките со коронавирусот. Во самиот протеин направени се мутации кои го покажуваат формирањето на антитела на SARS-CoV-2. Истовремено аденовирусот, исто така, бил неутрализиран и функционирал како вид „пренесувач“ на S-протеинот.

Во овој поглед, механизмот на дејствување на оваа американска вакцина наликува на оној на претходно регистрираната руска вакцина која покрена голема полемика и во научниот свет. Нејзиниот принцип, исто така, се состои во воведување елементи на коронавирусот комбинирани со честички од аденовируси, по што се формира силен и стабилен имунитет на Covid-19, а послаб на аденовирусите.

Но руската вакцина претстава специфичен раствор за интрамускулно инјектирање и со неа вакцинацијата би требало да се одвива во две фази. Според таквата шема, руските стручњаци тврдат дека ќе се овозможи доглорочен имунитет до неколку години.