Во московскиот центар „Гамалеја“ развиена е вакцина којашто ќе пружа заштита од новите подваријанти на сојот „омикрон“ и сојот „делта“ на коронавирусот, а создадена е на варијантата на вакцината „Спутник V“, изјави во саботата директорот на Истражувачкиот центар, Александр Гинцбург.
Вакцината, како што објаснува научникот, содржи низа од „делта“ и „омикрон“ соевите, и се претпоставува дека ќе пружа добра заштита од овие соеви, како и од подваријантата BA.5.
„Оваа вакцина е создадена на истата платформа како и ‘Спутник’, така и ќе биде наречена, ќе биде изменет само антигенскиот состав. Дури и погрешно е да се каже дека станува збор за нова вакцина, бидејќи и кога инјектираме вакцина против грип, секоја година таа има нов антигенски состав но никој не ја нарекува нова“, вели Гинцбург за агенцијата РИА.
Вирологот истакна дека доколку клиничките испитувања се спроведат според сегашната легислатива, тие ќе траат до шест месеци, а дотогаш можеби ќе се појави не само BA.5, туку можеби и BA.25 или некој друг сој.
„Сметаме дека треба да ги следиме правилата коишто ја регулираат замената на видот на вакцината за грип, каде процедурата трае три месеца“, додава Гинцбург.
Неодамна од рускиот Научен центар за експертиза на медицински производи при министерството за здравство некои податоци укажуваат дека активноста на серумот на вакцинираните со руските вакцини против варијантата „омикрон“ на неутрализација на вирусот ВА.1-ВА.5 е намалена, но дека целосно намалување на ефикасноста не е докажано.