Создавачот на вакцината „Спутник V“ ги коментираше објавите за неподготвеноста на Русите да бидат вакцинирани

Вакцината којашто ја разви рускиот научен институт „Гамалеја“ ги мина сите неопходни процедури за потврдување на нејзината безбедност, а лекарите први меѓу сите треба да ги сфатат последиците од одбивањето да се вакцинираат, изјави во петокот шефот на споменатиот центар за епидемиологија и микробиологија, Александар Гинцбург.

Претходно во петокот мрежата Meduza, повикувајќи се на податоци од анеката приложени во „Прирачник за докторите“, во која учестувале 3.040 испитаници, објави дека повеќе од половината, или 52 отсто од испитаниците не се подготвени да се вакцинираат со препаратот на Институтот, уште 23 отсто изјавиле дека се сомневаат во неа, а 24 отсто од анкетираните биле подготвени да се вакцинираат. На прашањето зошто не се согласуваат да се вакцинираат, лекарите генерално одговориле дека таа била развиена за премногу кус период, како и дека нема доволно податоци за нејзината ефикасност и безбедност.

„Би сакал да ги видам овие лекари кои одбиваат (да се вакцинираа). Постојат две можности да се избегне оваа болест: или да се разболете во тешка форма, зашто нема лесна форма, како што ни е познато, и долготрајна заштита или да се вакцинирате. Тешката форма веројатно ќе има поседици до крајот на животот, а во одреден број случаи, тоа лекарите подобро го знаеа, има летален исход. Затоа постои изборот: или да се одбие вакцинирањето и да се следи овој пат или да се вакцинирате“, изјавил Гинцбург за агенцијата ТАСС.

Научникот додава дека подготовката на препаратот за вакцинирање пред да биде регистриран, ги минала сите неопходни процедури кои ја докажале нејзината ефикасност и безбедност.

„Сите експерименти и потребни документи за истражувањата на безбедноста целосно се завршени. Тоа го оцени постојаното тело на земјата и центарот за експертиза на лекарства. Другите дополнителни информации (за вакцината) наскоро ќе бидат објавени во отворените научни списанија“, појаснува Гинцбург.

„Сето друго е веќе надвор од опсегот на закодовавството и се претвора во некаков вид пиар и конкурентска борба за пазарите. Во рамките на законодавството, секој збор е исполнет и евидентиран од државните експерти“, заклучува челникот на инстутот „Гамалеја“.

Според него, довербата не треба да се меша со објективната процена за ефикасноста и безбедноста, а резултатите од ваквата процена им овозможуваат на експертите да заклучат дека вакцината може да се користи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.