Спорт

СП 2018: Продадени сите влезници за финалето и за дуелот Аргентина – Исланд

СП 2018: Продадени сите влезници за финалето и за дуелот Аргентина – Исланд

Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА во понеделникот објави дека се распродадени сите влезници за две од вкупно 64-те натпревари од Светското фудбалско првенство кое започнува ви јуни во Русија.

Во пресрет на новата фаза продажба на влезниците, ФИФИ објави дека повеќе нема влазници за финалниот дуел на 15-ти јули на московскиот стадион „Лужники“, како и за мечот меѓу Аргентина и Исланд кој ќе се игра еден месец порано, на 16-ти јуни, исто така, во Москва но на стадионот „Откритие Арена“.

Имајќи го предвид големиот интерес, особено на Исланѓаните од кои дури петина од вкупното население сака да патува во Русија, можно е дека за тој меч одреден дел од влезниците, сепак, ќе имаат аргентинскиот и исландскиот сојуз, како и туристичките агенции.

Новата фаза од продажбата на влезниците започнува во вторник на 13-ти мар, а ФИФА наведува дека од септември минатата година пуштила во продажба 1.303.616 влезници. До почетокот на мундијалот останаа 94 дена, а во светската федерација се задоволни со продажбата на влезниците.

Новата трета фаза започнува во 10 часот по македонско време кога на официјалните интернет страници на ФИФА ќе може да се купат влезници за сите, освен за наведените два натпревара. Имајќи го предвид огромниот интерес на навивачите ширум светот, ФИФА ги повикува заинтересираните што побрзо да се пријават.