Националните фудбалски селекции коишто настапуваат на светското првенство во Русија имаат свои прекари, некои препознатливи некои помалку познати.
Австралија: Socceroos – „Сокерос“
Аргентина: Albiceleste -„Албицелесте” – „белосини“ или „Гаучи”
Англија: Three Lion – „Три лава“ или „Гордиот Албион“
Белгија: Rote Teufel – „Роте Теуфел” (Црвените ѓаволи)
Бразил: Selecao и Karioke – „Селекао“ и „Кариоки“
Данска: De Rod-Hvide – „Де Род-Хвиде“ или „црвенобели“
Египет: The Pharaohs – „Фараоните”
Исланд: Strakarnir okkar – „Стракарнир окар“ или „Нашите момци“
Иран: Parsi – „Парси“ или „Принцовите на Персија”
Јапонија: Blue Boys – „Блу Бојс“ или „Сини момчиња“ и „Сините самоураи“
Јужна Кореја: Red Devils и Taeguk – „Ред девил“ или „Црвените ѓаволи“ и „Таегук“ или „Воини“
Колумбија: Los Cafeteros – „Лос Кафетерос” или нешто како „кафеџии“
Костарика: Ticos – „Тикос”
Мароко: Atlas Lions – „Атлас лајонс“ или „Лавови од Атласот“
Мексико: El Tri – „Ел Три“
Нигерија: Super Eagles – „Сипер иглс“ или „Супер орли“
Германија: Die Mannschaft и Elf – „Екипажот“, „Елф“ и „Панцири“
Панама: Los Canaleros – „Лос Кањалерос”
Перу: La Blanquirroja – „Ла Бланкироха“ или „белоцрвени“
Полска: Orly – „Орли“
Португалија: Selecao – „Селекао“
Русија: Сборная – „Зборнаја“
Саудиска Арабија: Green Falcons – „Грин фалконс“ или „Зелени соколи“
Сенегал: Les Lions de la Téranga – „Ле Лион д’ла Теранга“ или „Лавовите на Теранга“
Србија: Орлови – „Орли”
Тунис: The Eagles of Carthage – „Иглс оф Картаг“ или „Орлите од Картагена“
Уругвај: Charruas и La Celeste – „Шарруа“ и „Ла Селесте“ или „Небесносини“
Франција: Les Bleus – „Лес Блеус” или „сините“, „Триколори“ и „Галски петли“
Хрватска: Vatreni – „Ватрени“ („огнени“)
Шпанија: La Furia Roja – „Ла фурија роха“ или „Црвената фурија“
Шведска: Blagult – „Благулт“ или „Синожолти“
Швајцарија: Nati – „Нати”