ЈСП ќе вози по неделен возен ред за божиќните празници

Поради претстојните божиќни празници јавниот превоз во главниот град ќе се одвива по неделен возен ред.

Како што информираа денеска од Град Скопје, неделниот возен ред ќе важи за време на празниците Бадник и Божиќ.

Утре дежурни ќе бидат билетарниците на Зелениот пазар и Транспортниот центар, кои ќе работат од 7 до 19 часот,  како и билетарницата во Ѓорче Петров која ќе работи од 7 до 13 часот.

Задутре, односно за Божиќ билетарниците нема да работат.