СП Катар 2022: Австралија преку Данска во осминафиналето, Франција поразена од Тунис

Фудбалерите на Австралија се пласираа од Групата Д, заедно со Франција и покрај нејзиниот пораз од 0:1 од Тунис, во осминафиналето на Светското првенство откако ја совладаа Данска со иденичните 1:0 (0:0).

Директниот дуел за осминафиналето Австралија го реши во 60 минута кога Метју Леки со гол го заврши контранападот. Франција ќе биде прва во групата Д која ќе игра против второпласираната селекција во Групата Ц, додека Австралијците го чекаат победникот од Групата Ц на стартот од нокаут фазата на Светското првенство.

Данска од самиот почеток целосно ја контролираше играта, а многу брзо почнаа да создава опасни ситуации пред австралискиот голман Рајан. Во воведниот дел од натпреварот најдобрата шанса ја имаше Јенсен, кој шутираше откоско во 11 минута, но Рајан го запре тој ударот. Особено опасна беше Данска преку Маехле, кој беше тешко фатлив за одбраната на Австралија. Неколку минути по ударот на Јенсен, токму Маехл создаде мешаница во шеснаесетникот на Австралија, а откако топката се шеташе крај гол-линијата, австралиската одбрана го реши проблемот. Потоа се заканија Линдстроем и Ериксен, но мрежата на Австралија и тогаш остана недопрена.

По половина час игра притисокот на Данска полека стивнуваше, а Австралија, која долго време се фокусираше исклучиво на контранапади, имаше сѐ поголем посед на теренот, што им даде шанса на голманот Рајан и на одбраната да здивнат. Австралија дури во самиот финиш на првото полувреме имаше два потенцијално опасни напада, но на паузата се замина без погодоци.

Во вториот дел Данска повторно имаше привидна надмоќ на теренот, но на Данците им беше многу тешко да дојдат до вистинската можност. Во 60 минута Австралијците убаво организираа контранапад, а откако се ослободи од Маехле, Метју Леки ја смести топката прецизно во спротивниот агол за 1:0 Австралија.

Тоа беше знак дека Данска ќе излезе со сите сили за нерешен резултат, а потоа евентуална победа која ѝ требаше за осминафиналето. Сепак Австралија се поедноставно бранеше, а воедно беше сѐ порешителна да го постигне вториот гол. Но дури во судиското надополнување Данска создаде некои опасни ситуации, но остана многу далеку од големиот пресврт кој го бркаше.

Истоврмено во на стадионот „Едукејшн Сити“ во Ал Рајан актуелниот светски првак во мечот кој немаше голем значење за пласманот во нкокаут-фаата беше поразен од Тунис.

Тунижаните победија со голот на Вахби Хазри по соло продор во 58 минута.

Светските шампиони доживеаја заслужен пораз од Тунис, бидејќи на теренот излегоа со резервен состав, а за северноафриканслката селекција ниту победата на крајот не е им беше доволна да помине, бидејќи Австралијците изненадувачки ја совладаа Данска. Тунис, тимот кој постигна еден гол на првенството, само две минути беше пласиран во осминафиналето, до голот на Австралиецот Леки, но нивната утеха останува победата против омразените Французи.

Против Тунис, бидејќи веќе се квалификуваа, Французите излегоа со резервен тим без ѕвездите Килијан Мбапе, Оливие Жиру и Антоан Гризман и со дури девет измени во однос на мечот со Данска. Тоа беше постава со кој бранителот на титулата играше прв и сигурно последен пат, а на вратата беше Стив Манданда кој со 37 години и осум месеци стана најстариот Французин кој играл на Светското првенство.

Токму Манданда е еден од најзаслужните што Французите заминаа на пауза со 0:0, црномурестиот голман двапати ги одбрани опасните удари на Хазри. Тунис постигна гол во осмата минута, но ВАР-от откри дека Гандри бил во недоволена позиција, додека Французите се заканија во 25 минута преку Коман, чиј удар мина само покрај стативата.

Најдобриот туниски играч Хазри ги доведе Африканците во водство во 58 минута по соло-продорот низ француската одбрана, а неговиот удар по земја десетина метри заврши во самиот агол од голот. Тоа беше прв гол на Тунис на овој шампионат, а Хазри се повреди при постигнувањето на голот и мораше да го напушти теренот.

Францускиот селектор Дешан во обидот да го спречи срамот, потоа го внесе Мбапе во игра, а десет минути подоцна Гризман и Дембеле, што резултираше со опсада на голот на Тунис, чиј голман Дамен одлично реагираше на опасниот удар на Дембеле во 82 минута. Во 88 минута и Дамен го запре ударот на Мбапе, а потоа во 98 минута погоди Гризман, но неговиот гол по вистинската ВАР конфузија беше поништен поради офсајд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.