СП Катар 2022: Ришалисон за победа на Бразил над Србија

Фудбалерите на Бразил по 20-ти пат со ред остварија победа на првиот својот натпревар на светско првенство, а во својот прв настап во Катар ја совладаа селекцијата на Србија со 2:0 во последниот дуел од првото коло на групната фаза.

Двата погодока за бразилската репрезентација ги постигна Ришарлисон. Во 62 минута топката во мрежата ја спреми откако претходно одбрани српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ по ударот на Винисиус Жуниор, а во 73 минута акробатски со најубавиот погодок во досегашниот тек на Мундикалот ги постави конечните 2:0.

Како и што се очекуваше, Бразилците од почетокот ја поседуваа топката, а во 13 минута дојдоа во првата сериозна ситуација пред српскиот гол, кога Винисиуси заврти неколку противнички играчи во шеснаесетникот, но само избори корнер. Нејмар се обиде со директен удар да го изненади Вања Милинковиќ-Савиќ, но вој беше подготвен на такво решение и ја одби топката.

Српскиот голман на искушенија беше ставен и во 20 минута, кога со мала несигурност го запре ударот на Каземиро. А првата голема интервенција ја имаше во 28 минута, кога Тијаго Силва испрати длабочинска топка за Винисиус, но Милинковиќ-Савиќ истрча и ја изби топката пред бразилскиот напаѓач.

Бразилските напади се редеа во континуитет а од 30 до 35 минута главна закана беше Рафиња. Најдобрата шанса ја имаше по додавањето со Пакета, кога ја доби топката на 14 метри но упати преслаб удар за посериозно да го загрози српскиот голман.

Бидејќи српските одбранбени играчи беа под постојан притисок, логично беше и дека ќе направата некоја грешка. Една таква на Миленковиќ во 42 минута можеше скапо да ја чини неговата репрезентација, но ударот на Винисиус од 10 метри откосо од левата страна не беше прецизен. Србија во првото полувреме практично не му се закани на Алисон, кој остана без интервенција.

Во 35 секунда од вториот дела Бразил ја создаде најдобрата шанса на мечот. Во опасната зона згреши Немања Гудељ, топката дојде до Рафиња кој шутираше од 14 метри, а Вања Милинковиќ-Савиќ излезе од голот го скуси аголот и одбрани.

Притисокот на Бразилците врз последниот ред на српската одбрана стануваше сѐ пожесток. Се обиде Нејмар од слободен удар од 18 метри, но топката беше одбиена од живот ѕид. Најблиску до гол Бразил беше во 60 минута кога Алеск Сандро шутна силно од 25 метри, Вања Милинковиќ-Савиќ беше совладан, но топката заврши во стативата.

Но само две минути подоцна топката заврши во мрежата зад грбот на српскиот голман. Нејмар го мина својот чувар, ја турна топката во шеснаесетникот кон Винисиус кој од права со десна нога го гаѓаше спротивниот агол. Милинковиќ-Савиќ го одбрани овој остар удар, но прв до одбиената топка стаса Рошарлисон и ја турна во небранетата мрежа за сосема заслужено водство на Бразил.

Српскиот селектор Драган Писки Стојковиќ по примениот гол направи уште две измени, во игра го внесе Влаховиќ и Лазовиќ за да добие повеќе опции во нападот. Тоа донесе неколку излети на Србија во казнениот простор на Бразил, но бразилската одбрана ги спречуваше сериозните закани, освен една кога по корнер се создаде опасна мешаница во петерецот.

Во 73 минута се случи досега најатрактивниот потег и погодок во досегашниот тек на првенството. По левата страна продре Винисиус, со надворешниот дел од копачката уфрли на 11 метри кон Ришарлисон кој со лева нога ја одби топката над главата а потоа од свртување со десната нога биеше силно и неодбранливо за 2:0.

Во 81 минута сантиметри го делеа Каземиро да му се придружи на Ришарлисон. Доби топка на работ од шеснаесетникот и го гаѓаше горниот лев агол од српскиот гол, го префрли Вања Милинковиќ-Савич но ја погоди гредата. Српскиот голман повторно беше загрозен во 83 минута, а со удар од 20-ина метри на маки го стави Фред.

Конечната статистика покажува колкава беше надмоќноста на Бразил на овој меч. Избраниците на Тите упатија 24 удари кон српскиот гол од кои десет одеа во рамките на голот, а по еднаш ги погодија стативата и пречката. Србија од друга страна, пак, имаше четири шута, но ниеден од нив не го натера Алисон на интервенција.

Бразил со победа е на првото место во Групата Г со три бода, колку има и второпласираната Швајцарицја која во првиот денешен натпревар го совлада Камерун со 1:0 кој со Србија е без бодови.

Во второто коло, коешто на распоредот е во понеделникот 28-ми ноември, ќе се сретнат Камерун и Србија во 11 часот а Бразил и Швајцарија ќе се соочат во 17 часот.