СП Катар: Два гола на Валенсија за победа на Еквадор на стартот над домаќинот

Во првиот натпревар од 22-то Светско фудбалско првенство, во дуелот од првото коло на Групата А, Еквадор на стадионот во ал-Кор со 2:0 го победи домаќинот на првенството Катар.

Првпат во историјата се случи домаќинот на првенството го загуби мечот на отворањето, а прв играч на Еквадор беше Енер Валенсија кој ги постигна двата погодока за победничката селекција. Во 16 минута реализираше најстрога казна, а во 31 минута со убав удар со глава го удвои водството на гостинската репрезентација.

Еквадор инаку поведе веќе во 3 минута од натпреварот, исто така, со гол на Валенсија откако во таа акција неколкупати голем грешки направи катарскиот голман ал-Шееб, а целата домашна одбрана делуваше конфузно. Но, по одреден време и проверка со ВАР-от, голот беше поништен поради минимален офсајд, кој судиите не можеа да го забележат но го регистрира технологијата.

Но тоа беше само сигнал дека многу брзо на теренот ќе биде забележлива значителната разлика во квалитетот на селекциите на Катар и Еквадор, па така јужноамериканската селекција напаѓаше во бранови, а Катар особен недостаток покажуваше во играта по прекини, но и во секој друг сегмент од играта. Така, на Еквадор ме му требаше долго време повторно да ја затресе противничката мрежа а неговото водство овојпат да биде потврдено во 16 минута. Катарскиот голман повторно киксираше соборувајќи го во својот шеснаесетник Валенсија, кој мирно го изведе ударот од белата точка.

Играчите на Катар во продолжението беа уште поинфериорни во однос на противникот, па веќе во 31 минута Еквадор го удвои водството. Анхело Пресиадо нафрли од десната страна, а одлично со глава реагираше Валенсија и ја испрати топката во мрежата крај самата лева статива.

Во продолжението Еквадор се ориентираше на задржување на топката во својот посед, контрола над ритамот на мечот и создаде само една вистинска шанса, кога во 55 минута ударот на Ибара го одбрани ал-Шееб.

Во последните дваесетина минути Еквадор дополнително го намали темпото, но Катар не успеа ниту тоа да го искористи за да создаде поконкретна ситуација пред противничкиот гол. Во 75 минута од далечина се обиде Акрам Атиф, но неговиот удар отиде високо над еквадорскиот гол, а тоа беше првиот удар кон него од страна на катарските играчи.

Задоволни со двата гола предност и контролата на играта, Еквадорците целото второ полувреме го одиграа во многу полесно темпо, и не притискаа премногу за да го постигнат и третиот погодок, додека домашната селекција најдобрата шанса ја дочека дури во 86 минута. Тогаш Мунтари одлично шутираше од работ на шеснаесетникот, но мрежата на Еквадор не се затресе.

Во оваа група во понеделник со почеток во 17 часот натпреварот од првото коло го играат Холандија и Сенега. Во второто коло Катар ќе игра со Сенегал, а Еквадор ќе се соочи со фаворитот Холандија.