СП Катар: Сенегал го објави списокот со повредениот Мане

Садио Мане е во таборот со 26 играчи на Сенегал за Светското првенство во Катар и покрај повредата, објави во петокот сенегалскиот селектор, Алиу Сисе.

Триесетгодишниот Мане заработи повреда на десната фибула во победата на Баерн од 6:1 против Вердер Бремен и ќе го пропушти дуелот овој викенд против Шалке 04.

И покрај ова, Сисе го стави на списокот, велејќи дека е уверен дека Мане може да се опорави навреме за турнирот. Додаде дека Сенегал испратил лекар од Сенегалската федерација да го прегледа Мане во четвртокот и му било кажано дека нема да има потреба од операција.

„Тоа е многу добра вест и сега имаме шанса да се обидеме да го подготвиме за турнирот. Сега имаме две седмици да следиме и да видиме како повредата реагира на лекувањето. Претпочитам да го задржам во тимот затоа што тој е важен дел од нас“, рече Сисе.

Сенегал, список на играчи:

Голмани: Сени Диенг (Квинс Парк Ренџерс), Алфред Гомис (Стад Рен), Едуард Менди (Челзи)

Одбрана: Фоде Бало Туре (Милан), Папе Абу Сисе (Олимпијакос), Абду Диало (РБ Лајпциг), Исмаил Јакобс (Монако), Калиду Кулибали (Челзи), Формозе Менди (Амиен), Јусуф Сабали (Реал Бетис).

Среден ред: Пате Исмаел Сис (Рајо Ваљекано), Крепин Диата (Монако), Идриз Гана Гује (Евертон), Папе Гује (Олимпик Марсеј), Шеикоу Кујате (Нотингем Форест), Мамду Луум (Ридинг), Нампалис Менди (Лестер Сити), Мустафа Име (Пафос ФК), Папе Матар Сар (Тотенхем Хотспур)

Напаѓачи: Булеј Диа (Салернитана), Фамара Диедиу (Алањаспор), Бамба Диенг (Олимпик Марсеј), Николас Жексон (Виљареал), Садио Мане (Баерн Минхен), Илиман Ндијаје (Шефилд Јунајтед), Исмаил Сар (Ватфорд).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.