СП кошарка: Австралија првпат во полуфинале, САД елиминирани

Кошаркарите на Австералија изборија пласман во полуфиналето на светкосто првеснтво во Кина, првпат во историјата репрезентативните настапи, откако во последниот четврфинален дуел ја совладаа Чешка со 82:70.

Австралија за првото финале во историјата на светските првенства ќе се соочи со Шпанија, додека во второто полуфинале ќе се пресметаат Аргентина и Франција.

За пупуларните „Бумерси“ и самото влегување во полуфиналето претставува најголем успех. Досега никогаш не минале подалеку од четвртфиналето, двапати беа петти. И Чесите може да бидат задоволни, бидејќи во својот премиерен настап на светските првенства веднаш стасаа до четвтфиналето.

По двете први израмнети четвртини и австралиското водство од 33:30, мечот беше прекршен во третата делница која Австралија ја дони со 30:18. Чесите во целото прво полувреме примија 33 коша, но само во третата примија уште речиси исто толку што беше резултат на распадот на играта во одбраната. Но на отворањето на последната четвртина Чешка изненади со серијата 7:0, намалувајќи на 55:63. Сепак, Австралијците брзо излегоа од криата и на пет минути пред крајот се вратија на предноста од „плус 14“ (71:57) и успеаја да ја сочуваат предноста до крајот.

Повторно Австралија до победата ја предводеше Пети Смит со 24 коша и 6 асистенции, и Крис Гоулдинг со 14 поени. Кај Чесите, пак, најефикасни беа Патрик Ауда со 21 кош, и Томаш Саторански со 13 коша, 13 аситенции и 9 скокови, а Павел Памрпла додаде 10 поени.

Во претходно одиграниот меч Франција избори полуфинале по победата во четврфиналниот дуел проти бранителите на титулата Американците со 89:79.

Очекувано ова беше интересен дуел во кој во поглемиот дел подобри беа Французијте, но и Американците имаа шанса да дојдат до победата. Франција во третата четвртината имаше предност од 10 поени, но САД направија пресврт и стасаа до предност од седум разлика (72:65), меѓутоа тука и застанаа. Франција се врати во игра и повторно го презеде водството и на крајот славеше со убедливи со 10 поени разлика.

Франција ја предводена Еван Фурние со 22 коша, Руди Гобер со 21 кош и 16 скокови, како и Нандо Де Коло со 18 поени. Кај Американците најефикасен беше Донован Мичел со 29 коша, Маркус Смарт со 11 и Кемба Вокер со 10 коша.

Французите и пред четири години на светското првенство во Шпанија стаса до полуфиналето во кое загуија од Србија (85:90), а потоа во мечот за бронзата ја совладаа Летонија со 95:93. Американците последен пат останаа без полуфинале на кошаркарскиот мундијал во 2002-та, кога на свој паркет во четвртфиналето загубија од тогашна Југославаија (78:81). Претходно ниеден медал не освоија на Филипини во 1978 година.

Полуфиналените мечеви на распоредот се во петок на 13-ти септември.