ЈСП не го применува возниот ред како и секој 1-ви сепември што ќе доведе до нови зарази, предупредуваат Јовановски

Нема логика да биде летен возен ред, тоа се прави само заради заштеда на пари и штета на граѓаните. Дополнително е тоа што превозниците се оштетуваат поради помалиот обем на работа, тоа ајде да го ставиме како второстепено бидејќи ние тоа веќе две години го трпиме. Меѓутоа ова утре е стварно работа која ја сметам за сериозна и страшна. Доколку не се смени ништо, јас мислам дека ќе имаме многу заразени во автобусите, многу наскоро тврди за КУРИР, Ленин Јовановски

Вели дека новата одлука на ЈСП да се применува летниот возен ред од утре во градскиот превоз со тоа што само ќе се зголеми бројот на автобуси е парадоксално и ќе доведе до зголемен број на заразени лица во автобусите.

„Соопштението на ЈСП кое излезе денеска да кажам во некоја смисла е направено така да остави впечаток дека се става нормалниот возен ред во функција и дека нема да биде редуциран со тоа што многу мудро кажуваат не дека нема да се применува регуларниот возен ред од први септември, туку дека постојниот возен ред што е сега во моментов ќе се надополни некаде со повеќе возила. Тоа значи дека возниот ред од први септември ќе биде летниот редуциран возен ред што се користи кога се летните одмори и учениците се на годишен распуст, истиот е со драстично намален капацитет заради тоа што учениците не се во училиштата. Значи тие го применуваат возниот ред од први септември како учениците да не се во школите“, смета Јовановски.

Додава дека воопшто не се применува редовниот возен ред кој секоја година се применува со самиот старт на учебната година.

„Ние предупредуваме дека од утре ќе биде многу опасно да се возат граѓаните во автобусите бидејќи ќе бидат преполни особено во часовите кога учениците и граѓаните се враќаат од работа и одат до работа. Сметаме дека ова ќе биде многу полошо од секоја свадба и секој ресторан и забава, заради тоа што во еден момент бројка од 200 автобуси на секој пет минути ќе возат можеби и до 100 луѓе во еден момент“, истакнува Јовановски.

Оценува и дека во овој момент е парадоксално да се вози со овој возен ред бидејќи нема ниту една редукција, ниту луѓето одат преку еден ден на работа, учениците не учат онлајн настава, туку наеднаш се ќе се одвива како во нормални услови.

„Нема логика да биде летен возен ред, тоа се прави само заради заштеда на пари и штета на граѓаните. Дополнително е тоа што превозниците се оштетуваат поради помалиот обем на работа, тоа ајде да го ставиме како второстепено бидејќи ние тоа веќе две години го трпиме. Меѓутоа ова утре е стварно работа која ја сметам за сериозна и страшна. Доколку не се смени ништо, јас мислам дека ќе имаме многу заразени во автобусите“, многу наскоро тврди за КУРИР Јовановски.

Истакнува дека иако се зголемува обемот на автобуси утре од страна на ЈСП истото ќе биде со бројка до редуцираниот возен ред, а тврди дека имало и помалку од редуцираниот возен ред, бидејќи некои автобуси возеа и по саботен возен ред што е многу големо намалување.

„Ако зборуваме дека сме во пандемија, возниот ред на автобусите треба да се зголеми повеќе од редовниот возен ред, а не да се намалува. Ова треба некој да се повика на одговорност“, додава Јовановски.