СП ракомет 2020: Хрватите подобри од Норвешка во трилер полуфиналето

Машката ракометна репрезентација на Хрватска по третпат во историјата, првапт по 2010 година,  ќе се бори за титулата европски шампион, откако во полуфиналето во петокот вечерта по две продолженија ја совладаа Норвешка со 29:28 (мечот во регуларниот дел заврши 23:23).

Голот за финале го постигна Жељко Муса на три секунди до крајот на средбата.

Најефикасен хрватски ракометар беше Домагој Дувњак, кој беше прогласен и за МВП, со осум гола, шест гола додаде Мариќ, Хорват реализира четири додека Степанчиќ го заврши настапот со три гола.

Прв стрелец кај Норвежаните беше Сандер Сагосен со десет погодоци, Гулеруд, Танген и Јоханесен дадоа по четири.

Вториот финалист на 14. Европско првенство во ракомет ќе биде познат по вечерашниот напревар меѓу Шпанија и Словенија.