ЈСП Скопје ќе вози по неделен возен ред на Илинден

Во понеделник, на 2 август, поради државниот празник Илинден (Ден на Републиката), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници, информираат од ЈСП Скопје.

Од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.