ЈСП „Скопје“ со 4 милиони евра загуба поради епидемијата

25

За 62,5 отсто е намален бројот на патници во јавниот превоз од почетокот на пандемија на ковид-19 до сега. Од март до септември во автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници се возеле 12.064.455 патници, а истиот период лани бројот бил 32.148.854.

Поради намалениот број на патници загубата на претпријатието досега е околу 4 милиони евра.

-Според бројот на валидации во месец март со јавен превоз се возеле 2.731.699 патници, а истиот месец во 2019 бројот бил 5.685.383. Најголем пад на бројот на патници има во април годинава и тоа за 88.5 отсто односно лани во април се автобус се возеле 5.237.154 патници, а годинива само 597.374. Големо намалување на бројот на патници има и во месеците мај, јуни, јули и август. Во септември во спроредба со другите месеци, најголем е бројот на граѓани кои користеле јавен превоз, но и таа бројка е за околу 50 отсто помала во споредба со истиот период лани, пишува порталот СДК.МК.

Целата вест прочитајте ја на СДК.МК

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.