„Спајдермен“ за викендот заработил 253 милиони долари

Најновиот филм за авантурите на човекот-пајак „Спајдермен: Пат без враќање“ ја оствари третата највисока заработка на сите времиња во Северна Америка, заработувајќи ги изминатиот викенд 253 милиони долари, покажува прелиминарната процена на специјализиранта агенција Exhibitor Relations објавена во неделата.

Филмот кој беше со нетрпение исчекуван во Холивуд и од филмската индистрија која е тешко погодена од пандемијата на коронавирусот, го надминаа само „Avengers: Endgame“ со 357 милион долари и „Avengers: Infinity War“ со 258 милиони долари во аналите на најгледаните филмови во САД и Канада, наведува мрежната страница Box Office Mojo.

Станува збор воедно и за најгледаните филмови на студијата „Sony“, пишува порталот Deadline.

„Спајдермен: Пат без враќање“ е третиот филм во кој популарниот човек-пајак го толкува Британецот Том Холанд. И минатите епизоди во кои црвено-синиот костим го носеа Тоби Мекваер и Ендрју Фарфилд, доживеаја рекордна гледаност во кино-сталите.

Приказната продолжува таму каде што завршува „Далеку од дома“ од 2019 година, со Спајдермен чијшто вистински идентитет на Питер Паркер јавно го открива злобниот Мистерио. Средношколецот очајно се обидува повторно да стане анонимен со помош на уште еден лин на Marvel, Др Стрејнџ, кого го толку популарниот Бендедикт Камбербач.