SpaceX го тестираше системот за евакуација на екипажот на капсулата Crew Dragon

Американската приватна вселенска компанија „SpaceX“ успешно извела симулација на итно катапултирање на екипажот од патничката вселенска капсула „Crew Dragon“, со што според агенцијата за вселенски истражувања NASA е поставена основа со оваа капсула да летаат нејзините астронаути.

Капсулата за астронаутите „Crew Dragon“ е лансирана во 10,30 часот, по што се урнала во Атлантскиот Океан, околу 32 километри од брегот на Кејп Каневарал на Флорида, осум минути по полетувањето. Капсулата „Crew Dragon“ се одвоила од ракетата околу 19 километри над океанот, со што е симулирано неуспешно лансирање.

Сега „SpaceX“ може да го изврши првиот тест на управуван лет во вториот квартал од 2020 година, изјави во неделата основачот и челник на компанијата, Илон Маск.

„Сега мислиме дека, веројатно, дека првото лансирање со екипаж ќе биде во вториот квартал од годинава“, изјави Маск на прес-конференцијата по изведениот тест.

Според Маск и челникот на NASA, Џим Брајденстејн, според прелиминарните податоци, тестот бил успешен бродот се откачил „ракетата за итни случаи“ и извршил слетување според планираното. Самата ракета носач „Falcon 9“, како и што претходно предупредија од „SpаceX“, експлодирала непосредно откако од неа се откачила капсулта „Crew Dragon“, која собира седум астронаути.

Маск појасни дека „опремата неопходна за првиот управуван лет ќе биде готова до крајот на февруари или почетокот на март“, но претстои да се изведат уште многу подготвителни работи, вклучително и координирање на распоредот на летовите кон Меѓународната вселенска станица (ISS).

Изјавата на Маск ја потврди и Брајденстејн кој се согласи со претставениот план, и истакна дека точниот временски распоред ќче зависи и од природата на првата пилотски управувана мисија, тоа ќе биде „краткорочно или долгорочно“, рече Брајденстајн без да даде поединости.

Бил тестиран и одговорот на тимовите на „SpaceX“ за спасување по неуспешно слетување. Тимовите на компанијата заедно со спасувачките екипи се упатиле кон „Crew Dragon“ која собира , што е клучен дел од тестот со кој тимовите се вежбаат да ги извлечат астронаутите од капсулата. При падот се отвориле четирите големи падобрани за да се забави падот на „Crew Dragon“, а во капсулата биле две кукли со човечка форма со сензори за движење кои собирале податоци за г-силата.

Ова беше последниот голем тест на „SpaceX“ два месеца пред планираното лансирање на капсулата со човечки екипаж на ISS. Овиј тест е особено важен за NASA која има итна потреба да добие сертификиран всленски брод за пренесување на астронаути на ISS, за да ја намали зависноста од Русија.

Од 2011 година САД се принудени на испраќаат астронаути со руските ракети „Сојуз“, а тие единствени имаат капацитетит за оваа мисија, особено кога беа повлечени американските „шатл“ летала.

Освен со Маск, NASA сличен договор склучи и со компанијата „Boeing“, којашто ја развива капсулата „Starliner“. NASA го субвенционираше „Boeing“ со 4,2 милијарди долари, а „SpaceX“ со 2,5 милијарди долари во 2014 година.

Во март 2019 година „SpaceX“ успешно со својот „ Crew Dragon“ без екипаж изврши лет до ISS и враќање. Во април тестирањето на моторот „ SuperDraco“ предизвика експлозиај, но „SpaceX“ и NASA тврдат дека по истрагата го отстранале проблемот.