Спајсер: Нема докази дека Русија влијаела на изборите

спајсер

 

Не постои ниту еден доказ дека влијаеле на изборите, истакна Спејсер.

Тој за Си-Ен-Ен нагласи дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе има увид во извештаите на разузнавачките служби, кога тие ќе бидат завршени кон крајот на неделава.

Спејсер, претходно оцени дека Белата куќа можеби премногу ја казнила Русија кога наредила протерување на 35 руски дипломати поради сомнение дека се руски шпиони.

Тој наведе дека Трамп ќе има брифинг со американските разузнавачки служби откако претседателот во заминување на САД Барак Обама ги воведе санкциите за Русија.

Обама протера 35 руски дипломати во рамките на санкциите воведни за Москва како одговор на наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД.