Спалети влезе во дуел со фан на Фиорентина: Цел меч ја навредуваа мојата мајка, таа има 90 години… (ВИДЕО)

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети имаше вербален дуел со навивач на Фиорентина, речиси доби и шамар, но и пластично шише беше фрлено кон него.

Спалети е од Фиренца, како мал навивал за Фиорентина и често одел на стадионот. Но без разлика на тоа беше навредуван од домашните фанови на синоќешниот меч.

По последниот судиски свиреж тој влезе во дуел со навивач на Фиорентина на трибината. Фанот се обиде да го удри по лице, а некој фрли и шише кон него.

„Имаше позади клупата фанови кои ме навредуваа од почетокот на мечот до крајот. Тие имаа деца кои седеа до нив, а јас не можам ниту да кажам јавно што се зборуваа, неверојатно е“, вели Спалети.

„Тие постојано ја навредуваа мојата мајка, таа има 90 години, оставете ја на мира. Тоа се луѓе кои се професионални тролови“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.