Шпанците признаваат дека два гола на Реал биле нерегуларни

Вториот и третиот гол коишто ги постигна ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, во четвртифналниот меч со минхенски Баерн во вторникот, биле нерегугларни бидејќи Португлецот се наоѓал во офсајд, пишува ден по мечот мадридскиот спортски весник Marca.

Дека критиките кон унгарскиот судија Виктор Кашаи од фудбалската јавност се објективни, потврдува во својот осврт и споменатиот тиражен и влијателен спортски дневен весник, кој инаку важи како наклонет на Реал Мадрид.

Во извештајот по мечот, Marca ги одбележува сите спорни моменти и со кои арбитарот Кашаи го оштетил Баерн и му го подарил на Реал полуфиналето во Лигата на шшампионите.

„Лош во сите спорни моменти. Не го исклучи Видал кога заслужи, истото важи за Каземиро, а го казни Чилеанецот кога не направи фаул. Головите на Кристијано Роналдо за 2-2 и 3-2 беа постигнати од офсајд позиции, пишува во образложението нa Marca чијшто коментатор унгарскиот судија го опиша како „растурен“.

real 2

 

real 3