Шпанија повлече воен брод од Персискиот залив зашто САД ја промениле оригиналната мисија

Шпанија го повлече својот воен брод од водите во Персискиот залив од групата под водство на Соединетите држави поради тоа што „САД ја променија оригиналната мисија“, изјави во вторникот шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес на прес-конференција.

Шпанската фрегата „Мендез Нуњез“ требаше да биде во групата пловила кои го продружуваат американскиот носач на авиони „Абрахам Лонколн“ во водите во близина на Иран, меѓутоа во вторникот Мадрид соопшти дека овој брод со 215 морнари провремено е повлечен. Во соопштението не беше наведена причината, што укажуваше на допломатското разијдување на Европската унија и САД по прашањето на односите со Иран.

Министерката Роблес во текот на посетата на Брисел рече дека Шпанија пред две години договорила со САД испраќање испраќање фрегата во заедничка мисија, како практична вежба, со што би ја одбележала 500-годишнината од обиколката на светот на експедицијата Магелан – Елкано која била финансирана од шпанската монархија.

„Мисијата на којашто се наоѓа ‘Барахам Линколн’ не беше предвидена во тој момент. Ја почитуваме одлуката (на САД), а кога мисијата ќе се врати во рамките на она што беше предвидено, шпанската воена морнарица ќе се врати во нормала“, изјави Робле во вторникот.

Одлуката на Шпанија е техничка и воена а не политичка додаде министерката повторувајќи дека Мадрид ги почитува одлуките на Вашингтон. „Имам професионална правна деформација, па кога ќе видам дека се излегува од рамките на договорот, сметам дека најдоброто решение е привременото суспендирање“, појасни Роблес.

Во американската група бродови во Индинскиот Океан не учестува ниту еден друг странски брод освен шпанскиот. Фрегатата „Мендез Нуњез“ треба да остане во Индискиот Океан додека американските бродови не се вратат од Персискиот залив каде што се упатени од следната седмица. Потоа најверојатно шпанскиот брод ќе им се приклучи на американските.

Шпанскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави по еден собир во Мадрид дека оваа одлука на шпанското министерство за одбрана „не треба да се сфати како нешто значајно“. Притоа во врска со актуелната ситуација околу сеопфатниот меѓународен договор за иранската нуклеарна програма од 2015 година, шефот на шпанската дипломатија посочи дека „САД немаат никаква причина да се откажат од договорот“. „Ова е уште еден доказ за унилатеризмот на Соединетите држави“, рече Борел во вторникот.