Шпанската полиција уби напаѓач со нож

Шпанската полиција објави во понеделникот дека од огнено оружје убила маж кој вооружен со нож се обидел да го нападне персоналот во полициска станица на североистокот од покраината Каталонија.

Каталонската полиција Моссос објави на Twitter дека мажот влегол во полициската станица во градот Корнеља де Љубрегат околу 6 часот утрото „со цел да ги нападне полицајците“, по што бил застрелан. Портпаролката на полицијата не дала дополнителни информации.

Државната шпанска телевизија RTVE истакнува дека напаѓачот бил 29-годишен Алжирец кој живеел во Корнеља со шпански лични исправи, како и дека бил усмртен со истрели од пиштол. Телевизијата и другите шпански медиуми објавија дека при влегувањето во станицата, мажот извикувал „Алаху акбар“ (Господ е голем), што е карактеристично за напаѓачите индоктринирани од радикалниот ислам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.