Шпански борбен авион по грешка истрелал ракета во Естонија

Војската на Естонија соопшти дека трага по остатоците на ракетата која шпански борбен авион по грешка ја истрелал во текот на вежбата во таа балтичка држава, членка на НАТО.

Војската наведе дека авион од типот „Јурофајтер“ на шпанските воздухопловни сили по грешка истрелал ракета воздух-воздух во јужниот дел на Естонија. Премиерот на Естонија Јири Ратас на Фејсбук овој инцидент го оцени како „исклучително загрижувачки“, но оти добро било што немало жртви.