Шпанскиот парламент ги суспендираше притворените каталонски пратеници

17

Преседателството на шпанскиот парламент ги суспендираше четворицата притворени каталонски пратеници, на коишто им се суди за бунт против Шпанија поради организирање на референдумот за независност од 2017 година, соопшти претседателката на парламентот Меричељ Батет од Шпанската социјалистичката работничка партија (PSOE).

Батет во вторникот, по првата конститутивна седницна на новиот состав на шпанскиот парламент, му го испрати предметот на Врховниот суд, кој потоа му го вратил на претседателството тоа да ја донесе одлуката.

Опозициските партии од десницата и центарот бараа да се суспендираат поранешниот потпретседател на каталонската влада Ориол Жункерас а кој истовремено е кандидат и за изборите за Европскиот парламент, Жозеп Раул, Жорди Туруљ и Жорди Санчез. Се повикаа на членот парлементарниот деловник, според кој лицата кои се наоѓаат во притвор и против кои се води постпака треба да бидат суспендирани.

Четворицата Каталонци освоија пратенички места на изборите од 28-ми април додека се наоѓаа во притворот на 50 километри од Мадрид. Врховниот суд им дозволи да ги преземат должностите, и поради тоа привремено излегување на слобода минатиот понеделник, како и во вторникот кога присуствуваа на конститутивната седница. Потоа повторно беа вратени во притворот, како и Раул Ромева, кој е избран во горниот дом од парламентот во кој се застапени шпанските покраини.

Засега не е познато што ќе се случува со нивните пратенички места, односно дали ќе ги остават празни или ќе им ги предадат на други политичари. Доколку нивните места останат испразнети, вкупниот број пратеници ќе се намали од вообичаениот од 350. По изборите парламентот е изразено фрагментиран, а премиерот Педро Санчез, чија левичаска PSOE освои 123 места, ја бара поддршката на другите партии за гормирање влада, но ако не бидат пополнети местата на притворените каталонски пратеници нема да мора да ја бара поддршката од нив и полесно ќе дојде до мнозинство. Овие пратеници и нивните партии Каталонска републиканска левица и Заедно за Каталонија, ја условија својата поддршка со организирање на договорен референдум за независност на Каталонија, што старо-новиот премиер го одби. Санчез и Жункерас имаа прилично студена средба и ракување во вторникот кога се конституираше парламентот.

На петтемина пратеници, како и на уште седум, поранешни функционери на Каталонија, им се суди во Мадрид за бунт, непослушност кон власта и користење јавни пари за одржување на референдумот кој го забрани шпанскиот уставен суд. За ова може да бидат осудени на 25-годишни затворски казни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.