Шпанскиот премиер во историска посета на Куба

шпанскиот премиер педро санчез (л) и кубанскиот претседател мигуел диаз-канел (д)

Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез се договори со кубанскиот претседател Мигуел Диаз-Канел за продлабочување на билатералните и политички врски во четвртокот, на почетокот од првата официјална посета на некој премиер на оваа карипска комунистичка земја по 32 години.

Двајцата челници потпишале договор за одржување годишни состаници на високо ниво меѓу Шпанија и Куба за многу политички теми, вклучително и за прашањето на човековите права.

Односите меѓу Куба и Европската унија се во постојано подобрување откако официјално повторно беа започнати во 2016 година, откако беа замрзната две децении, следејќи ги децениските санкции на САД.

Пред да пристигне во Хавана, Санчез беше цел на критики на некои опозициски политичари. Лидерот на опозициската конзервативна Национална партија (PP), Пабло Касадо, на Twitter напиша дека Санчез на Куба „ги подржа диктаторите, наместо да повика на слобода и демократија“.

Санчез во текот на престојот во кубанската престолнина разговараше и со претставниците на некои од кубанските дисиденти, вклучително и со директорите на независните дигитални списанија и институции, како и со истакнатите претставници на младиот приватен сектор, соопштија од шпанската влада.