Шпанските медиуми: Мурињо се враќање во Ла Лига

Португалскиот стручњак на крајот од минатата недела беше заменет во Манчестер Јунајтед и од тогаш е без тренерски ангажман, но се поизвесно е дека ќе го гледаме Посебниот наредната сезона во некој лигашки фудбал.

Бизнис партнер на сопственикот на Валенсија и агент на Мурињо, Мендес, наводно го наговорил Мурињо да ја превземе Валенсија.

Шпанските медиуми најавуваат враќање на Мурињо во Ла Лига, каде своевремо го водеше Реал Мадрид и ќе биде занимливо доколку Португалецот навистина стигне на Местаља.

Кандидат за клупата на Валенсија е и Арсен Венгер, а се споменува и поранешниот играч Давид Албелда, но Мурињо делува како сигурна опција.

Освен Реал и Манчестер, Мурињо во својата кариера ги водеше и Челси, Интер, Порто…

Ги освои ЛШ со Порто и Интер и тоа се смета за негов најголем успех, а најголема трага остави во Челси и Интер.