Шпанското обвинителство го обвини Модриќ за затајување данок

Шпанското обвинителство го обвини хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ за затајување данок од 1,2 милиони евра пред шест години кога потпишувал за „Реал Мадрид“.

Шпанските власти сметаат дека Модриќ мора да исплати данок за цела година, иако во Мадрид во 2012 година бил само четири месеци бидејќи првите осум месеци од таа година настапуваше за лондонски „Тотенхем“. Според неговите адвокати, тој остатокот од данокот го платил во Англија.

Хрватот претходно, пак, беше обвинет дека во 2013 и во 2014 година затаил данок во висина од 800.000 евра.

Според обвинението, Модриќ го обвинуваат дека во Луксембург отворил фиктивна компанија со име „Ивано“ на која и ги пренел сите маркетиншки права. Така во 2013 година затаил 290.000 евра данок, а во 2014 година  579.000 евра.

Во моментов, како што пренесуваат шпанските медиуми, Модриќ е во преговори со обвинителството за да избегне затвор. Сака да постигне договор како и Роналдо, Марсело и Жозе Мурињо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.