Шпанското обвинителство вели дека во Каталонија е изведен државен удар

Шпанскиот државен обвинител Хавиер Зарагоза

Подготовките, организирањето на референдумот и прогласувањето на независноста на Каталонија во октомври 2017 година биле државен удар во Шпанија, заклучи шпанското државно обвинителство во вторникот во завршниот збор на судењето на каталонските функционери.

„Она што се случуваше во Каталонија во периодот меѓу март 2015 и октомври 2017 година, а особено од септември до октомври 2017-та, било државен удар. Замена на еден правен режим со друг на незаконски начин“, изјавил државниот обвинител Хавиер Зарагоза на судот во Мадрид.

Зарагоза смета дека со изгласувањето и воведувањето на законот во Каталонија и „урнат“ уставот на Шпанија што продолжило со организирањето на референдумот кој го забрани уставниот суд во Мадрид. Обвинителството со тоа го задржа максималното тешко обвинение насочено против дванаесетте каталонски функционери на кои им се суди од февруари.

За поранешниот потпретседател на каталонската влада Ориол Жункерас се бара казна затвор во траење од 25 години, а за другите обвинети казни затвор во траење од 7 до 17 години. Тие се обвинети за бунт против Шпанија, непослушност кон власите и користење на јавните каталонски пари за организирање незаконски референдум.

Претседателот на сегашната каталонска влада Квим Тора во вторникот судскиот процес го нараче „фарса и одмазда“ кон движењето на независноста. Побара итно пуштање на слобода на обвинетите.

Во Каталонија, која има 7,5 жители и создава речиси четвртина од шпанскиот БДП, на 1-ви октомври 2017 година беше организиран референдум за независност кој го забранија шпанските власти и на кој во услови на затворање на избирачките места мнозинството од оние кои излегле гласале за самостојна Каталонија. Побирниците на останувањето во рамки на Шпанија главно не се одѕваа на избирачките места на кои интеренираше шпанска полиција при што беа повредени над илјада луѓе кои со своите тела го блокираа пристапот до избирачките кутии.

Имајќи предвид дека во текот на референдумот по наредба на Мадрид да интервенира каталонската полиција, државното обвинителство тврди дека станува збор за планирана и координирана активност, а обвинетите ги нарече „криминална организација“. Шпанското државно обвинителство тврдеше дека се организатори на масовните протести и собири во полза на независноста од 2015 до 2017 година, како и и оти во текот на гласањето за референдумот користеле насилство.

Подоцна на крајот од октомври во регионалниот парламент во Барселона беше изгласано воспоставување независност на Каталонија. Таа меѓутоа не заживеа, бидејќи владата во Мадрид ги суспендираше каталонските институции и го презема управувањето со покраината, организираше предвремени парламентарни избори на кои повторно победија поборниците на независноста. Истовремено државното обвинителство подигна обвиненија против членовите на каталонската влада.