Спасен мажот кој сакаше да скокне од зграда во Центар

Мажот кој денес сакаше да скокне од зграда на улицата Македонија е спасен.

Станува збор за четириесет и двегодишен маж од Скопје, кој во алкохолизирана состојба се качил на скеле на четвртиот кат од зградата над ресторанот „Мекиците на стража“ и сакал да скокне.

samoubistvo

Инцидентот се случил околу 12:30 часот, а од намерата за скокање од зградата го одвратиле припадниците на Единицата за брза интервенција – АЛФИ.

samoubstvo1

Веднаш по спасувањето, мажот е пренесен на Клиниката за токсикологија.